Лукот е многу добар за здравјето. Тој е моќна намирница за чистење на организмот од паразити и спречува болести како тифус или дури и некои видови рак, а еве кога е најефективно да се користи
Лукот е најдобро да се јаде наутро на празен стомак. Причината лежи во фактот што бактериите тогаш се поподложни на влијание и не можат да се одбранат од неговата ефикасност. Лукот ги ублажува симптомите на хипертензија, спречува проблеми со срцето и го стимулира правилното функционирање на црниот дроб и мочниот меур.
Лукот го стимулира правилното варење и го зголемува апетитот. Ако го консумирате на празен стомак, тој е и многу ефикасен лек за нервни проблеми. Ќе ви помогне да го контролирате стресот, а на тој начин ќе го запре производството на желудочна киселина која вашето тело ја произведува секогаш кога сте нервозни.
Забелешка:
Секогаш треба да проверите дали сте алергични на лук, ако сте, не треба да го јадете сиров. Доколку забележите каква било реакција на кожата по конзумирањето, или имате температура и главоболка, престанете да го користите.