Меган Фокс и нејзиното момче дојдоа на забава врзани со синџири (ФОТО)

popara7 декември, 20211min00
Screenshot_3

Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели присуствуваа на презентацијата на новата унисекс линија на лакови во Западен Холивуд, а на забавата дојдоа поврзани со синџир. Заљубениот пар на црвениот тепих се појави во црни комбинации, а ги поврзуваше сребрен синџир закачен на ноктите.

 

Нивната уметничка за нокти Бритни Бојс преку Инстаграм откри дека изгледот е постигнат со користење на три нијанси од колекцијата на MGK: „Party Favor“, „25 to Life“ и „Depressionist“.

„Откако ноктите се исушија, користев пирсинг за да им ги дупнам и двата розови нокти и им додадов прстени, за да им закачам два синџири за да се спојат“, вели таа.

На настанот присуствуваа и ѕвезди како Аврил Лавињ и Џеси Џо Старк.

 

Двојката е во врска од мај 2020 година, а се запознале на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“. Фокс подоцна во неколку наврати истакна дека почувствувала чудна врска со Кели кога првпат го запознала:

 

„Знаев дека нешто одлично ќе излезе од оваа врска, веднаш почувствував дека сме длабоко и особено поврзани“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma