Многу е важно што побрзо да започнете со природни суплементи за да избегнете настинки, алергии и намален имунитет.
Органската куркума и медот се главните состојки на оваа позната златна мешавина, а многу се погодни за превенција од инфективни и воспалителни процеси, како и за одржување на имунитетот.
Лесно можете да ја направите во вашиот дом, а за тоа ќе ви требаат:
100 гр мед
1 лажица органска куркума
прстофат црн бибер
2 лажици јаболков оцет – домашен
лажичка кора од лимон – рендана
Измешајте ги куркумата, јаболковиот оцет и биберот за најдобри резултати.
Додадете ја кората од лимон и медот. Мешајте со дрвена лажица додека смесата не се изедначи.
Се додава црн пипер за да се забрза апсорпцијата на куркумата, што е научно докажано.
Потребно е оваа смеса да се чува во тегла со капак на ладно место.
Како се користи златната мешавина?
За спречување на настинки, сезонски алергии и спречување на промени на клеточно ниво, потребно е да се консумира по 1 лажичка секое утро пред појадок.
Доколку почувствувате дека ќе настинете, веднаш започнете со смесата, бидејќи се смета за најсилен природен антибиотик.
Консумирајте 1/2 лажичка од смесата на секој час во првите 2 дена од болеста.
Потоа 1/2 лажичка на секои 2 часа на третиот и четвртиот ден од болеста.