Најубавите градови во Европа за патување сами

popara12 ноември, 20213min00
Screenshot_1

Сите се сеќаваме на екскурзиите од училише или факултет на кои во неколку дена посетувавме еден куп места убедени дека сме виделе сè што треба да се види.

 

Сепак, ако некогаш повторно одлучиме да посетиме некое од тие места и по некоја случајност да останеме неколку дена, сфаќаме дека всушност ништо не сте виделе.

 

За да посетите некој поголем град потребни ви се најмалку 3-4 денови, а најдобар начин да ги видите работите кои вас ве интересираат е да отидете сами.

 

Соло патувањата се одличен начин да се релаксирате и да уживате во сето она кое патувањето има да го понуди.

 

Ова се 14 најубави градови во Европа кои се совршени за соло патување:

 

  1. Прага

Главниот град на Чешка е град чија големина ви овозможува да посетите голем број од важните туристички дестинации движејќи се пешки. Сè е оддалечено на само неколку чекори па можете да го посетите и Стариот град и познатиот дворец.

  1. Лондон

Одличната сообраќајна мрежа е нешто кое навистина ќе ви биде од корист бидејќи на тој начин ќе можете да посетите голем број од туристичките атракции низ градот.

  1. Луцерн

Следете ги чекорите на Марк Твен и откријте ги убавините на крајбрежното гратче Луцерн сместено на истоименото езеро.

  1. Рејкјавик

Прогласен за еден од најмирните градови во светот, Рејкјавик е местото каде можете да уживате во денови каде дневната светлина трае и по 21 час.

  1. Берлин

Градот каде можете да уживате во модерна архитектура, но и во барокот и ренесансата. Тоа е градот за кој навистина ќе треба да издвоите повеќе од 2-3 дена бидејќи има огромен број на места кои навистина треба да ги посетите.

  1. Хелсинки

Уште еден главен европски град каде покрај местата кои можете да ги посетите, можете да уживате и во долги прошетки по плажите и да јадете во некој од одличните ресторани кои нудат магичен поглед на Балтичкото Море.

  1. Берген

Прогласен за светско наследство на УНЕСКО, Берген е одлично место за соло патување каде ќе можете да уживате во идиличната природна убавина и чистиот воздух.

  1. Виена

Градот на музиката и на познатата Сахер торта е уште едно од местата чиј шарм најубаво ќе го почувствувате доколку седнете на некој од бројните плоштади и уживате во утринското кафе.

  1. Единбург

Најдобриот начин да запознаете нови луѓе но и да станете дел од сето она кое го живее локалното население е да учествувате на нивните фестивали. А, ниту еден друг град нема повеќе фестивали од главниот град на Шкотска.

  1. Даблин

Гостопримството на локалното население ќе направи да се чувствувате како да сте дома уште штом зачекорите низ улиците на овој град. Оставете ги грижите зад себе и уживајте во стариот замок и прекрасната катедрала посветена на Сент Патрик.

  1. Бриж

Пловејќи низ каналите на градот и поминувајќи под камените мостови ќе се почувствувате како дел од некоја бајка која почнува со зборовите „Си беше еднаш еден…“

  1. Стокхолм

Главниот град на Шведска има навистина сè: каменести улици со пешачки патеки, 57 мостови кои ги поврзуваат 14 острови на градот, забавен парк кој датира од 1980-ите, јавна бања од 1904 година и неверојатни поземни железнички станици, секоја насликана со посебен мотив.

  1. Париз

Заборавете на ромасата, Градот на светлината е одлично место за соло патување каде ќе можете со часови да талкате по уличките на Монмартр, Елисејските полиња а на крајот да уживате во вкусна вечера во некој од многуте ресторани.

  1. Копенхаген

Изнајмете велосипед и откријте ги тајните на градот возејќи по велосипедските патеки чија вкупна должина изнесува 389 километри. Имајќи ја на ум оваа бројка, не е ни чудно што градот е прогласен за најдоброто место за возење велосипеди во светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma