Неколку одлични трикови со кои ќе изгледате помладо

12 декември, 20210
Screenshot_2

Сакате да изгледате помладо без да одите „под нож“? Ви претставуваме 7 едноставни трикови со кои вашето лице ќе делува за неколку години помладо и посвежо.

Шишките се повторно „ин“
Постои ли подобар начин за сокривање на брчките на лицето од старите добри шишки? Благодарение на нив повеќе нема да изгледате толку уморно после раното будење наутро. Сепак, пред да се одлучите да направите шишки, консултирајте се со професионален фризер дали на вашето лице ќе одговара оваа фризура.

Избегнувајте темни кармини
Доколку во вашата торбичка со козметика се наоѓаат голем број кармини со темни нијанси, време е да се ослободите од нив. Наместо тие бои, пробајте да користите корална боја, боја на праска или природно розова боја. Светлите тонови ќе ви го расветлат лицето, а ќе делувате помладо и посвежо.

Истакнете ги веѓите
Обликувањето на веѓите во домашни услови често знае да заврши нерамномерно. Затоа подобро препуштете се во рацете на веќе проверен професионалец, кој ќе се грижи за нивната уредност.

Испробајте ги производите за сончан изглед
Нанесете сјаен производ за сончан изглед на лицето и челото, со што ќе придонесете лицето да ви изгледа подмладено и освежено. Внимателно одберете ја нијансата, бидејќи можете да изгледате смешно, доколку не ја погодите бојата.

Бели заби
Поради сјајно белите заби можете да делувате и до 10 години помлади. Затоа правилната орална хигиена и редовните прегледи на забар се многу важни. Доколку сметате дека вашите заби не се доволно бели, побарајте совет од вашиот забар и направете го потребниот третман.

Светли прамени
Пробајте за нијанса да ја осветлите бојата на косата. Исто така и за овој дел немојте да експериментирате дома, туку појдете кај професионалец. Светлите прамени ќе ви го осветлат лицето, а вие ќе изгледате модерно и младо.

Смејте се постојано
Не постои подобар третман за подмладување од насмевка (од седмица до седмица).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi