Нејзиниот НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ поттикна озборувања: Се разведува ли еден од најубавите парови на планетата?

24 ноември, 20210
319552_profimedia0604766764_ff

Поранешната официјално најубава жена на светот три години е во брак со атрактивниот актер и музичка ѕвезда, а сега се шпекулира дека се појавиле првите неволји во рајот…

Актерката и поранешна мис на светот Пријанка Чопра (39) и музичарот и актер Ник Џонас (29) се во брак од 2018 година и оттогаш важат за еден од најхармоничните парови во светот на познатите личности. Постојано докажуваат дека разликата во годините не е важна кога љубовта е силна, како и дека се најсреќни кога се заедно, а сега се појави првиот показател дека нешто (можеби) не е совршено како што функционира.

Имено, Пријанка на својот Инстаграм профил го тргна презимето Џонас, кое е таму откако му кажала „да“ на Ник. Ова ги поттикна гласините дека двојката е пред развод, особено затоа што таа не даде никакво објаснување за овој потег.

Набргу откако се појавија овие гласини, таа остави коментар покрај видео на Ник на Инстаграм: „По ѓаволите! Само што умрев во твоите раце…“, а многумина шпекулираат дали сакала да ги побие тврдењата дека Џонас и таа се разведуваат.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ!

Пријанка и Ник почнаа да се гледаат во мај 2018 година, а Џонас ја запроси во јули, ден по нејзиниот роденден, кој го прославија на Крит.

Парот, во согласност со панџаби традицијата, во август официјално се сврши во Мумбаи, а во декември се венчаа во Џодпур, на церемонија која беше комбинација од христијански и хинду обичаи. Веднаш потоа актерката официјално го додала презимето на својот сопруг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi