Не постои напиток кој сам го топи салото на стомакот, но некои од нив можат многу да помогнат.
Нутриционистката Кортни Д’Анџело наведува дека чајот од нане помага при слабеење, а треба да го пијат луѓето кои сакаат рамен стомак.
За рамен стомак, се препорачува да се консумира храна и пијалоци кои се нискокалорични и шеќер. Затоа чајот од нане е одличен избор, пишува „Eat this“.
– Чајот од нане не содржи многу калории и има сладок вкус, па може да го намали апетитот и може да ја задоволи вашата желба за слатки – објаснува нутриционистката Ејми Гудсон.
Покрај тоа, овој вид чај содржи и многу други хранливи материи кои можат да помогнат во слабеењето.
„Покрај тоа, чајот од нане има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства, па помага и при дигестивни проблеми“, додава Гудсон.
Најдобар начин да се ослободите од салото од стомакот е редовно да вежбате. Покрај тоа, можете редовно да пиете чај од нане за да го забрзате процесот на слабеење.