Новиот опасен сој на Корона вирусот доби име

27 ноември, 20210
Screenshot_8

Тие наведуваат дека прелиминарните истражувања покажуваат дека сојот носи поголем ризик од реинфекција од другите соеви.

 

Да потсетиме, земјите-членки на ЕУ се согласија привремено да ги прекинат патувањата од Јужна Африка во ЕУ, откако е откриена нова варијанта на коронавирусот, објави денеска словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

 

Белгија е првата европска земја која го открила првиот случај на новата варијанта на коронавирус, кој што првпат е регистриран во Јужноафриканската Република.

 

Оваа варијанта е откриена кај патник кој се враќал во Белгија од Египет на 11 ноември. Лицето ги развило првите симптоми на 22 ноември.

 

Британија предупреди дека новата варијанта на коронавирусот што се шири во Јужна Африка е причина за голема загриженост и дека научниците ја сметаат за најзначајна досега, бидејќи вакцините може да бидат помалку ефикасни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *