Луѓето кои зборуваат за телевизија не зборуваат за оваа серија, но кога малку ќе се загребе, јасно е дека „Yellowstone“ има сериозна и посветена база на обожаватели.
Првите две епизоди од 4-та сезона на серијата „ Yellowstone “ беа емитувани оваа недела и на сечие изненадување – ја срушија целата очекувана гледаност. Вестернот на Парамоунт со Кевин Костнер во главната улога привлече дури осум милиони гледачи, што е скок од 104 процнети во однос на премиерата на третата сезона (4,2 милиони), пишува Deadline.
Ова ја направи модерната каубојска сага најгледана серија на кабловската телевизија, надминувајќи ја дури и „The Walking Dead“ на AMC, која го држеше рекордот од 2018 година.