Проверете дали имате недостаток на витамин Б12

13 ноември, 20210
11

Витаминот Б-12 е есенцијален нутриент кој е корисен за создавање на крвните зрнца, ДНK и нервите.

Доколку ги имате овие знаци кои укажуваат на недостаток на овој витамин, треба да преземете мерки за да ги спречите негативните ефекти врз вашето здравје:

Замор

Дали се чувствувате изморени? Витаминот Б1-2 е важен за аеробната енергија во телото. Поради недостаток на овој витамин, нашето тело не добива доволно кислород и енергија. Исто така, зашеметеноста може да биде знак дека ви недостасува витаминот Б-12.

Чувство на боцкање во рацете

Губењето на осетот на рацете придружено со чувство на боцкање со игли може да биде знак дека ви недостасува витаминот Б-12.

Болки во зглобовите

Силните болки во зглобовите кои не се резултат на повреди или хронични воспаленија, како што е артритисот, може да биде знак за аларм. Исто така, кај пациентите со недостаток на витамин Б-12 се забележуваат бавни рефлекси.

Забрзано чукање на срцето или дишење

Краткиот здив и забрзаното чукање на срцето се поврзуваат со недостаток на витамин Б-12.

Слабост

Проблемите со рамнотежата и занесувањето може да бидат индикатор за недостаток на овој витамин.

Пожолтеност

Пожолтеноста на кожата или белките на очите може да е уште еден индикатор на недостаток на витамнот Б-12, но и на сериозни тешки здравствени проблеми.

На некои пациенти со недостаток на витамин Б-12 им отекнува јазикот. Други знаци во устата може да се и мазен јазик и намалено чувство за вкус.

Каде да го најдете?

Збогатеното млеко од соја или млекото од јаткасти плодови е природен извор на витамин Б12. Природната храна обично содржи мал процент на витамин Б-12. Тука се вклучуваат печурките и ферментирана храна, како што се некои видови на алги, квасецот за јадење, јајцата, млекото и јогуртот

Од сите Б витамини, овој витамин му е потребен на организмот во многу мали количини. Иако на возрасните им се потребни само 2,4 мг на ден, овој витамин е особено важен за многу функции на телото. Големиот недостаток на витаминот Б-12 може да доведе до сериозни здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, анемија, мозочен удар, губење на меморијата, параноја, депресија и други сериозни проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi