ОД ПРЕСЛАТКА ГЛУМИЦА ДО МАЖ СО УБИСТВЕНИ СТОМАЧНИ: Ретките фотографии никогаш не би го издале, погледнете ја трансформацијата на Елиот Пејџ!

30 ноември, 20210
Screenshot 2021-11-30 064601

Денеска сме сведоци на се почести јавни исповеди на луѓе кои чувствуваат дека се родени во погрешно тело. Вака среќаваме мажи кои копнеат да бидат жени и жени кои копнеат да бидат мажи, а тоа не е туѓа појава ниту во светот на познатите.

Чез Боно, Ники де Џегер, Кејтлин Џенер се само некои од нив, а во последно време најмногу се пишува за актерот Елиот Пејџ, поранешна Елен Пејџ, кој на јавноста и стана познат по улогите во филмовите „Juno“ и „Inception“ и серијата на Нетфликс „The Umbrella Academy“. Дека се идентификува како трансродов маж, призна кон крајот на декември минатата година.

  - Instagram

„Драги пријатели, сакам да споделам со вас дека сум трансродова личност, ги користам заменките тој/тие за себе и се викам Елиот. Се чувствувам среќен што можам да го напишам ова, што сум на ова место во мојот живот. Неверојатно сум им благодарен на луѓето кои ме поддржуваат на ова патување. Ве молам, исто така, бидете трпеливи. Среќен сум, но и во голем страв од упад во мојот живот, омраза, шеги и насилство. Многу сум горд на Елиот. Транс, квир и небинарни личности се подарок за овој свет. Ве молам за трпение и приватност и да ми се придружите во поддршката на транс-живот секој ден. Сакам да бидам транс и квир и мојата љубов оди кај сите како мене. Ве гледам, ве сакам“, напиша еднаш актерот.

Elliot Page

Брзо се дозна и дека Елиот се разведува од сопругата, ексцентричната танчерка Ема Портнер, која јавно го поддржа по признанието. Нивната љубовна врска започна во 2017 година, а венчавката се одржа две години подоцна. Разводот го потврдија и неколку куси изјави за медиумите. Дека е геј, Елиот призна во 2014 година.

Елиот го опиша својот пат до трансформацијата во интервју за Тајм, каде истакна дека уште од мал ја скратил косата и носел машка облека и дека понекогаш му било тешко да игра поженствени ликови. Инаку, Елиот во март годинава стана првиот трансродовиот маж кој се појави на насловната страница на Time.

Elliot Page

Со оглед на тоа што ретко ги споделува своите фотографии на Инстаграм, секоја објавена предизвикува големо внимание во јавноста. Тој сега објави фотографија на која позира голо торзо во црни панталони пред огледало и ги истакнува неговите стомачни мускули.

„О, добро е, мојот нов мобилен телефон работи“, напиша накратко во описот.

 Elliot Page - Instagram

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi