ОРГАЗМОТ МОЖЕ ДА СЕ ДОЖИВЕЕ БЕЗ ДОПИР НА ТЕЛОТО: Со помош на овие ЧЕТИРИ совети ќе уживате како никогаш досега

18 декември, 20210
24597446561bc703f7dea2110209605_640

Иако звучи неверојатно, вистина е – оргазам може да се доживее без физички контакт. Сè што треба да направите е да го вклучите мозокот, да фантазирате, да замислите. Понекогаш може да се доживее оргазам во сон.

Оргазмите се одлични. Секоја жена која ги доживеала добро знае колкаво задоволство можат да предизвикаат. Сепак, многумина се прашуваат дали е можно да се доживее оргазам без секс?

-Многу е можно, вели Лола Џен, сексолог и експерт за ментално здравје

– Нашите тела се многу паметни, ако им веруваме доволно и ги оставиме сами да работат, можат да не воодушеват – вели таа.

Ова се начините на кои жената може да доживее оргазам без физички контакт или секс:

ОРГАЗМОТ МОЖЕ ДА СЕ ДОЖИВЕЕ ДОДЕКА СПИЕМЕ

Можно е жените да бидат сексуално стимулирани во сон, а со тоа да доживеат оргазам. Ова се случува додека мозокот е во РЕМ фаза на спиење. Ова е можеби најнеочекуваниот пример за оргазам без допирање.

Според Women’s Health Magazine, за време на РЕМ фазата, телото „доживува автономни флуктуации“. Со други зборови, крвта тече низ различни делови од телото – вклучувајќи ги и гениталиите.

Мозокот е дефинитивно многу моќен орган. Честопати се будиме од сон со чувство дека тоа што сме го сонувале навистина се случило. Ако е така, тогаш зошто да немате интензивни сексуални искуства кои исто така изгледаат реално?

ВЕЖБАЊЕ ДО ОРГАЗАМ

Ако немате поттик да одите во теретана, ова може да биде активаторот. Оргазмот може да се доживее и за време на вежбање.

„Вежбите кои вклучуваат активирање на карлицата не се корисни само за контролирање на задоволството и издржливоста при одредени сексуални движења, туку понекогаш можат да предизвикаат силен оргазам“, објаснува Лола.

Тренинзите за време на кои најчесто може да се доживее оргазам се оние на кои жените изведуваат вежби кои ги вклучуваат стомачните мускули. Добри се и оние кои вклучуваат кревање тегови, но и јога, возење велосипед, трчање, пешачење и планинарење, пишува Miss7

РАЗМИСЛУВАЈТЕ ЗА СЕКС

Можете да доживеете оргазам дури и ако мислите само на секс. Некои жени изјавиле дека имаат способност да го доживеат при самата помисла на оргазам.

Дали тоа звучи како сон? Па, постојат теории кои го потврдуваат тоа.

Д-р Бери Комисарук, коавтор на Науката за оргазмот, изјави за Дејли Меил:

Центрите за мозочно задоволство поврзани со оргазмот се вклучени кај жени кои замислуваат дека доживуваат оргазам на ист начин како и кај жените кои доживуваат оргазам на поконвенционален начин.

– Особено кога еротската напнатост се засилува, некои жени можат толку да се возбудат и да доживеат оргазам без да се допрат – објаснува таа. Доколку сакате помош во овој процес, Јансен предлага ритмичко стегање на карличните мускули проследено со длабоко дишење.

ЈОГА ВО СЛУЖБА НА СЕКСОТ

За оргазам важно е правилното дишење, како и вежбите во кои фокусот е на карлицата. Сето тоа е основа на јогата, па експертите тврдат дека лесно можете да доживеете оргазам додека вежбате.

Една од целите на јогата е да ја зголеми силата на мускулите околу гениталиите.

Сексологот д-р Џефро ТолТрис изјави за Daily Beast дека кога жените ги ангажираат мускулите (pubococcygeus), ткивото околу г-точката отекува, што може да доведе до кулминација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi