Погледнете го режисерското деби на Блејк Лајвли: Новиот спот на Тејлор Свифт

15 ноември, 20210
profimedia-0642942107-e1636992479706-790x463

Оваа година е полна со throwbacks, а еден од најпопуларните секако е потфатот на Тејлор Свифт да стане сопственик на нејзината музика: повторното снимање на стари албуми. Во правниот хаос што откри со какви договори се соочуваат уметниците и во кои таа го загуби правото на нејзините мастер снимки, Тејлор реши повторно да ги сними своите композиции, а бидејќи тие беа инспирирани од некои нејзини поранешни момчиња, фановите неочекувано „извлекоа некои скелети плакарот“.

Тејлор настапи на Saturday Night Live и ја изведе „All Too Well“ во саботата, а социјалните мрежи преполнија со објави и асоцијации за врската меѓу Тејлор и Џејк Гиленхал, која беше актуелна пред повеќе од една деценија и траеше неколку месеци. Самата Тејлор призна дека не се занимавала и не размислувала за тоа што би значело обновувањето на старите хитови за нејзините поранешни партнери, туку се фокусирала на (повторно) создавање на нејзината музика, онака како што отсекогаш сакала.

Испробала и некои нови работи, па режирала краток филм за песната „All Too Well“, додека снимила видео за „I Bet You Think About Me“ во режија на нејзината пријателка Блејк Лајвли. Во него, таа доаѓа кај својот бивши (го игра Мајлс Телер и вистинската сопруга е неговата невеста во видеото, Кели) на свадба и „бои“ сè црвено. Како изгледа верзијата на Тејлор на оригиналната песна, погледнете подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi