Познатата пејачка СКРШЕНА од болка: ГО ИЗГУБИЛА бебето, се јави од болница и ја објави тажната вест

25 ноември, 20210
Screenshot_1-36

Пејачката се надевала дека се ќе биде во ред, но отишла на ултразвук и срцето на детето не чукало.

Познатата пејачка Џеси Џеј на Инстаграм откри дека го изгубила бебето кое го зачнала со вештачко оплодување.

Имено, пејачката чие вистинско име е Џесика Корниш сподели расплакана фотографија со своите следбеници и го опиша своето патување кон бременоста, како и моментот кога ја дознала најтажната вест, а тоа е дека чукањето на срцето на бебето престанало.

– Решив сама да имам дете – започна Џеси, која во октомври се разведе од партнерот Макс Фам.

– Вчера се пошегував со пријателка: „Како ќе пеам во Лос Анџелес без да им кажам на сите дека сум бремена?“ Но вчера попладне отидов на трет ултразвук и дознав дека срцето повеќе не му чука. Во моментов немам контрола над моите емоции. Можеби ќе ми биде жал што го споделив ова со вас, можеби не, не знам – напиша таа.

– Да, решив сама да станам мајка, бидејќи го сакав тоа цел живот. А животот е краток. Самата бременост беше чудо и искуство кое никогаш нема да го заборавам. Знам дека ќе го доживеам повторно. Тагата е огромна, а јас се уште сум во шок. Знам дека милиони жени ширум светот ја почувствувале и оваа и полоша болка. Ова е најосаменото чувство на светот – напиша пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *