По раскинувањето, Вил Смит се претворил во „МАНИЈАК“: Кога дознал за неверството, холивудскиот актер запалил сѐ пред неа

25 ноември, 20210
Screenshot_11

Најновата автобиографија на славниот актер откри многу интригантни детали од неговото минато. Во едно од поглавјата, Вил Смит зборуваше за тоа како се справил со првото раскинување во животот

 

Врската со девојката Мелани ја прекинал поради нејзиното предавство, а потоа шеснаесетгодишниот Смит се обидел да се избори со стресот преку … секс.

 

Тој развил и необична психосоматска реакција на оргазам – актерот реагирал со гадење, па дури и повраќање кога се завршува сексот. Како е можно?

 

– Во тоа време имав секс со многу жени, но не се чувствував добро поради тоа. Беше многу спротивно на мојата природа и толку непријатно што буквално се разболував после оргазмот поради чувство на вина и стрес – вели познатиот актер.

 

Во книгата, која пристигнала на полиците на продавниците на почетокот на ноември, актерот меѓу другото се потсетува и на својата прва сериозна врска, која била прекината поради предавство. Актерот опишува дека Мелани – неговата прва љубов – имала тешко детство. Девојчето живеело со својата тетка бидејќи нејзината мајка била во затвор поради убиството на нејзиниот татко.

 

По една од кавгите, нејзината тетка ја избркала од дома, а потоа тинејџерот Смит ги убедил сопствените родители да ја прифатат Мелани. Од тој момент, девојката станала „центар“ на неговиот живот, околу кој се фокусирале сите останати работи. Актерот објаснува дека бил толку зафатен со поддршката на својата партнерка и „лечењето“ на нејзината траума од детството што не забележал колку опасно влијаело на него.

 

Наместо магични апчиња, секс и и шопинг

„Признавањето и љубовта во очите на Мелани станаа замена за одобрението што секогаш го барав во очите на Џиџи, баба ми“, објаснува тој.

 

За жал, се покажа дека неговата врска со Меланија била краткотрајна, а ситуацијата наеднаш се влошила кога таа го изневерила. Тоа го шокирало младиот Вил.

 

„Почнав да имам необврзувачки секс за да го залечам скршеното срце“, се сеќава тој.

 

-Тогаш не помогнаа „магичните“ прашоци, па посегнав по друг вид на лек, сексуални односи и шопинг – пишува тој.

 

– Пред Мелани имав само една девојка. Но, после тоа раскинување? Се претворив во животно – заклучува тој.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *