Што треба да направите за вашата врска да опстане?
Иако ова може да звучи чудно, факт е дека љубовта не е доволна за врската да опстане
Со оваа појава веќе 40 години се занимава психологот Џед Дајмонд, кој утврдил дека постојат пет фази на љубовта.
А големите проблеми за многумина, започнуваат на третото скалило.
- Заљубување
Хормоните на среќата го преплавуваат телото, партнерот станува идеална личност за живот. Сите желби и надежи се насочени кон него. Тој нема маани бидејќи го гледате низ розови очила, што е нормално во оваа фаза. Без никаков сомнеж му верувате на партнерот и очекувате да ви ја исполни секоја желба. Не ги сфаќате сериозно страничните предупредувања и не сте внимателни.
- Станувате пар
Чувствувате посилна љубов еден кон друг и почнувате заеднички живот. Вашето влијание на сите аспекти од животот на партнерот полека расте бидејќи постојано сте заедно. Во врската владее хармонија и радост. По неколку месеци или години, можете да имате деца кои дополнително ќе ја зајакнат врската меѓу вас двајца. Се чувствувате сакано, безбедно и заштитено. Убедени сте дека тоа е вашата сродна душа.
- Разочарување
Надежите полека пропаѓаат, имате впечаток дека вашите чувства засекогаш исчезнуваат. Партнерот станува предвидлив и неговото однесување почнува да ви оди на нерви. Имате желба да се одморите од партнерот или дури се сомневате дека тој е вистинскиот. Во умот почнува да цвета идејата за раскинување, за бесмисленоста на таа врска во која нема ништо за кое вреди да се борите.
- Вистинска, трајна љубов
Ако ја преживеавте третата фаза, дојдовте до тоа да се борите за вашата врска, иако се сомневавте дали е правилно или не. Потоа доаѓа ослободувањето на умот од тоа како претходно сте го замислувале партнерот и прифаќањето на она што тој навистина е. Ги прифаќате и разбирате неговите недостатоци. Раните полека зараснуваат и врската повторно се подобрува.
- Знаете дека – тоа е тоа
Стигнавте до фаза на длабока, искрена и силна љубовна врска. Ги надминавте потешкотиите и имате чувство дека вие двајца сте толку моќни што би можеле да го промените светот, ако сакате. Не живеете само за да преживеете, туку уживате во заедничкиот живот.