Романса, комедија, цртани… Најдобрите нови божиќни филмови на Нетфликс

19 ноември, 20210
62193240-nina-dobrev

Почетокот на ноември обично го означува почетокот на божиќната филмска сезона. Така и оваа година на Нетфликс не недостигаат повремени празнични наслови, а ние ги издвоивме оние за кои најмногу се зборува. Некои се веќе достапни на платформата, а некои ќе имаат премиера во наредните денови.

Love Hard

Новинарката Натали пишува успешна колумна за нејзиниот неуспешен љубовен живот. Сè станува комплицирано кога таа ќе го пронајде совршениот маж на апликацијата за запознавање партнери. Таа решава да го изненади за Божиќ и да се појави на неговата врата, но на крајот таа е онаа која доживува непријатно изненадување. Филмот е достапен на Нетфликс од 5-ти ноември.

The Princess Switch 3: Romancing the Star (18 ноември)

Во третото продолжение на популарниот божиќен филмски серијал, принцезата Стејси и кралицата Маргарет организираат традиционален божиќен фестивал во Монтенаро. По тој повод, Ватикан ѝ позајмува на кралицата едно од нивните најголеми богатства, таканаречената Ѕвезда на мирот, која на крајот е украдена. За да спречат дипломатска криза, Стејси и Маргарет бараат помош од нивната стара непријателка, Лејди Фиона Пемброк. Улогите на Стејси, Маргарет и Фиона ги толкува Ванеса Хаџенс.

Robin Robin (24 ноември)

Главната ѕвезда на еден многу посебен анимиран божиќен филм е малата птица Робин. Кога јајцето што треба да се изведе испаднало од гнездото, малата Робин е посвоена од весело и топло семејство на глувци. За да им докаже дека и таа може да биде добар глушец, Робин тргнува во голема авантура за време на која дознава важна вистина за себе.

A Boy Called Christmas (25 ноември)

Наизглед обичното момче Николас чека се освен обична авантура. Николас решава да го следи својот татко кој го бара Елфхелм, селото на џуџињата. Попатно е придружуван од неговиот верен глушец и ирваси Блицен. Оваа магична и емотивна приказна уште еднаш ќе ви докаже дека ништо не е невозможно.

A Castle For Christmas (26 ноември)

Слушајќи ги приказните на нејзиниот дедо за магичен замок во Шкотска, Софи Браун реши да стане писателка. Водена од мала криза во многу успешна кариера, Софи патува во Шкотска за конечно да го види тој замок, а кога ќе дознае дека е на продажба, сака да го купи. На патот кон реализацијата на оваа идеја стои само пргавиот (и згоден) сопственик на замокот.

Single All The Way (2 декември)

За да ги избегне традиционалните прашања за неговиот соло љубовен статус, Питер го убедува својот најдобар пријател Ник да го прослави Божиќ со него и неговото семејство, несвесен дека Ник има различни чувства кон него. Ситуацијата дополнително се усложнува кога мајката на Питер закажува состанок со нејзиниот предвремен личен тренер Џејмс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi