Најреткиот тип на личности ги има овие карактерни црти, дали ги имате и вие? Психолог советува како да бидете уште подобри и поуспешни доколку сте во оваа група!
Ако никогаш не сте направиле тест за личност на Мајерс-Бригс, можеби не знаете дека има дури 16 типови на карактери кои ги вклучуваат сите луѓе на планетата.
Еден е наредок, само пет до шест проценти до населението го имаат! А еве ги неговите необични, посебни карактерни црти. Овој тип на личност се нарекува ISFJ, а овие букви се кратенки за англиските зборови интроверзија, чувствителност, претчувство и осуда. Клиничкиот психолог Кристина Халет вели дека ова е една од најинтересните комбинации на карактерни црти!
„Типовите на личноста на ISFJ се интровертни и често затворени, но во исто време тие се вешти во општеството, топли и полни со разбирање. Тие можат да бидат многу аналитички и ориентирани кон деталите, „технички“ ориентирани и во исто време креативни“, вели таа.
Петте основни карактерни црти кои ја дефинираат позитивната страна на личноста на ISFJ се следниве.
- Доверливост – ваквите луѓе знаат точно што некому му треба и што е важно. Полни се со поддршка од емотивна страна, но тоа не секогаш значи дека се подготвени да помогнат.
- Подготвеност за работа – Личностите на ISFJ се практични и вредни, дури сакаат да волонтираат.
- Сочувство – добро слушаат, добро паметат и се полни со емпатија.
- Чувствителност – овие луѓе имаат изразен вкус, знаат што сакаат, а што не, но понекогаш им е тешко да се изразат. Имаат големи очекувања, а најмногу очекуваат од себе.
- Желба за успех – Личностите на ISFJ се изненадувачки технички способни и полни со знаење, ја ценат традицијата и најмногу сакаат да чувствуваат дека се успешни во нешто.