СЕКОЈА ГОДИНА МЕ РАЗМНОЖУВАТЕ! ХИТ-одговорот на Ријана на тврдењата дека е повторно бремена – ПРОКЛЕТСТВО!

5 декември, 20210
rijana

Светски познатата музичка ѕвезда Ријана со денови е во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавена веста дека пејачката наводно е бремена.

Според странските медиуми, таа е бремена и го чека своето прво дете со музичарот Асап Роки, а некои изјавија дека ја издал трудничкиот стомак кој веќе јасно се гледа. Друг извор за странски весник открил дека персоналот наводно ја предупредил да не пие алкохол или да се пуши во истите простории каде што се движи пејачката.

Сега, една обожавателка по име Џен по тој повод и испрати порака на Ријана на Инстаграм, на што пејачката одговори.

“Може ли да дојдам на откривањето на полот, сестро? Без разлика дали е вистина или не, твоите бебиња ќе бидат многу убави. Жал ми е што сега сите ѕиркаат во твојата матка”, и рекла таа на пејачката, а Ријана на шега одговорила:

„Хааа! Достаа! Не беше на првите 10 прослави за бебето! Ме размножувате секоја година, проклетство!“

Ова е шеста година по ред како ја читаме веста дека пејачката е бремена, со што и официјално стана единствената жена на светот која е постојано бремена, се пошегуваат фановите на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi