„СИМПТОМИТЕ НЕМАА СМИСЛА“: Докторката која прва укажа на ОМИКРОН откри што се случувало со нејзините пациенти

28 ноември, 20210
Screenshot_6

Младите луѓе од различни сфери велат дека се чувствуваат интензивно уморни, а шестгодишно дете има многу забрзан пулс.

 

 

Младите се жалеле на интензивен замор, а шестгодишно дете имало многу забрзан пулс. Сепак, сите брзо се опоравиле.

 

Јужноафриканската лекарка Анжелик Кочи, која прва ги предупреди властите во нејзината земја за појавата на нов вид на коронавирус кај пациентите, изјави дека симптомите на новиот вид, кој Светската здравствена организација го нарече омикрон, се „невообичаени, но благи“.

 

Коци наведува дека можноста за појава на нова варијанта првпат ја забележала на почетокот на овој месец, кога пациентите во нејзината приватна клиника во Преторија почнале да доаѓаат со симптоми на ковид-19, што „најпрво ѝ немало смисла“.

 

Младите од различни општествени слоеви велат дека чувствуваат интензивен замор, а шестгодишно дете имало многу брз пулс.

 

– Никој немаше губење на мирис или вкус – рече таа и додаде дека „симптомите беа толку различни и беа толку благи во споредба со оние што ги лекував претходно“.

 

Кога четворица членови од исто семејство кои биле позитивни на корона се пожалиле на истите симптоми меѓу кои и замор, докторката го предупредила државниот советодавен одбор за вакцинација.

 

Таа рече дека дваесетина нејзини пациенти добиле позитивен тест со симптоми на новата варијанта. Тоа беа главно млади мажи кои дошле кај неа со „неверојатно чувство на замор“.

 

Наведува дека приближно половина од нив не се вакцинирани.

 

-Имавме интересен случај. Дете, на околу шест години, со висока температура и пулс. Се прашував дали да ја хоспитализираме. Кога проверив по неколку дена, таа беше подобра“, рече таа.

 

Кочи во саботата информираше неколку африкански лекарски здруженија за своите наоди и јасно им стави до знаење на нејзините колеги дека сите нејзини пациенти се здрави денес, но дека се грижи дека новата варијанта може да биде поопасна за постарите луѓе со коморбидитети.

 

„Она од што сега треба да се плашиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе се заразени со новата варијанта, можеме да очекуваме повеќе случаи на тешки форми на болеста“, рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi