Слика од Винстон Черчил на аукција: Ако ја сакате, ќе ви требаат многу пари

19 ноември, 20210
vinston-cercil-830x0

Тоа е слика наречена „Sunset Near Roehampton“

Аукциската куќа „Сотби“ објави дека продава слика насликана од поранешниот премиер на Велика Британија, Винстон Черчил (1874-1965). Уметничкото дело е од приватна колекција, масло на платно, а се вели дека е создадено во 1919 година.

Аукцијата започнува за пет дена. Ако сакате да ја купите оваа слика на Черчил, треба да издвоите сериозни пари.

Според веб-страницата на аукциската куќа „Сотби“, се проценува дека ова дело ќе биде продадено за цифра меѓу 300.000 и 500.000 фунти.

Еве ја и сликата од Винстон Черчил која е на аукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *