Совети кои сигурно ќе ви помогнат: Доколку сте ги оставиле цигарите и не знаете што да правите со рацете, направете го ова!

27 декември, 20210
593749_shutterstock-1523322002_f

Без цигара во рака, луѓе веќе не можат да се носат со работи кои би се решиле со цигара за неколку минути.

Дури и кога ги надминуваат телесните симптоми на апстиненцијална криза, не успеваат да ја решат тензијата во рацете. Затоа некои почнуваат да ги грицкаат ноктите, други ги чепкаат кутикулите, други тропаат на масата… Најдобро би било да ја откриете вистинската причина за нервозата поради која секогаш мора да имате нешто во рацете. Сепак, некои нови здрави навики можат да ви помогнат при прва помош, со која секогаш ќе имате „полни раце“.

Еве неколку начини на кои можете полесно да се навикнете да не држите ништо во раце: пишувајте, цртајте, држете нечија рака, стискајте топка против стрес, градинарете или одгледувајте домашни растенија, имајте при рака шолја незасладен чај или чаша вода или природен сок и избегнувајте кафе, алкохол и други пијалоци поврзани со цигарите. Исто така, одличен избор е грицкањето стапчиња сиров зеленчук, сушено овошје, јаткасти плодови.

Ова може да биде можност да откриете некои од вашите таленти, како што се ракотворби, играње, плетење и слично. Ако треба да запалите нешто, при рака имајте миризливи свеќи или стапчиња, кои ќе ве опуштат, а вашиот простор наместо на тутун ќе мириса на пример на ванила, овошје или цвеќиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi