СОПРУГОТ НА САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР УБИЛ МАЈКА И ЌЕРКА Метју Бродерик одзеде два животи, а еве што се случи!

popara21 ноември, 20211min00
Screenshot 2021-11-21 115235

Ќе мора да го носи тоа на совест до крајот на животот!

Актерот Метју Бродерик е 24 години во брак со ѕвездата на „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер. Иако живее повлечен живот далеку од очите на јавноста, актерот е виновен за трагедија што се случила во 1987 година.

Метју Бродерик не се прослави со неговите познати улоги, но сите дознаа за него кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век.

Во 1987 година, за време на одмор во Ирска, популарниот актер по грешка преминал на спротивната лента на патот и предизвикал тежок судар во кој загинале Ана Галагер и нејзината мајка Марагерт Доерти. Ќерката имала 28, а мајката 63 години.

Метју поради несреќата имал скршено ребро и потрес на мозокот. По несреќата тој во разговор со полицијата изјавил дека воопшто не се сеќава на сообраќајката.

– Единствено се сеќавам дека се разбудив во болница и дека имав чудно чувство во ногата – рекол актерот во полиција.

Меѓу другото, Бродерик тврдел дека страда од делумна амнезија, за подоцна да ја признае вината. Иако тој е главниот виновник за несреќата, наместо пет години затвор, поради невнимателно возење е осуден на 175 долари.

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик се венчаа во мај 1997 година. Сара не се омажи во венчаница, туку во црвен фустан. На новинарското прашање зошто не е во бело како сите жени на овој свет, таа изјави дека и било срам да носи бело.

Пет години подоцна, тие го добија синот Џејмс Вилки. Со помош на сурогат мајка во 2009 година ги добија близначките Лорета и Табита.

Семејството Паркер-Бродерик живее во Њујорк од 2009 година, а многу време поминуваат на фарма во Ирска, каде Метју летувал како дете. Метју и Сара важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд и покрај тоа што Метју убил две жени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag