Со нетрпение го очекувате китењето на новогодишната елка? Психолозите утврдија зошто треба да ја украсите уште ДЕНЕС

popara18 ноември, 20211min00
nova-godina-jelka-2048x1358

Психолозите утврдиле дека постои добра причина да го направите тоа наскоро

Новогодишните и божиќните празници им се омилен период од годината на многу луѓе. Од една страна се собираме, разменуваме подароци и разговараме за убавите работи од претходната година.

Од друга страна, неизбежната празнична декорација буди восхит и радост, како кај децата, така и кај возрасните. Кај нас вообичаено е да се накити елката кон крајот на декември, на само неколку дена пред крајот на годината.

Сепак, нема причина да одложувате дотогаш.

Ако украсувањето ве прави среќни и едвај чекате да го украсите вашиот дом со шарени, стаклени и пластични лампиони, светилки, штрас и свеќи, зошто да не го направите тоа денес?

Психолозите утврдиле дека постои добра причина да го направите тоа наскоро.

Д-р Кели Софак верува дека подранетото уредување на домот носи три придобивки: очекување на подобри денови, удобност на пријатна носталгија и одвлекување на вниманието од секојдневните стресови.

Д-р Стив МекКоун ја продлабочува оваа теза, верувајќи дека празничните украси ги потсетуваат луѓето на детството и затоа ги смируваат. Овие украси, како што вели, повторно не возат низ емоциите што сме ги доживеале како деца за време на празниците.

Психологот Дебора Серани објасни како тоа навистина функционира. Таа вели дека новогодишните украси, поради сето наведено, влијаат на лачењето на допамин и други хормони кои не прават среќни. Допаминот е невротрансмитер кој пренесува сигнали до нашиот мозок дека треба да се чувствуваме среќни и задоволни.

Сигурно сте забележале дека украсениот дом зрачи со топлина, а луѓето во него делуваат спокојно и среќно.

Психијатарот Маркус Де Карваљо тврди дека празничните украси можат поволно да влијаат на луѓето кои патат од депресија. Тој вели:

– Празниците се период кога повеќето луѓе сакаат да излезат од дома, и да ја видат возбудата на туѓите лица. Тоа го зајакнува чувството на припадност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma