Супермоќта на Lady Gagа: Одење во овие платформи!

popara15 ноември, 20211min00
profimedia-0643020372-e1636914257423-790x462

Платформите во последните сезони продефилираа на бројни писти, од Валентино до Версаче, но никој не ги носи како Гага. Откако се појави во креацијата на Гучи директно од модната писта на премиерата на „House of Gucci“, таа го продолжи остатокот од промотивната турнеја со сличен тон.

Во Лондон носеше наметка и фустан со препознатливо лого и кожни акценти од глава до пети, а на нозете носеше платформи на Pleaser кои бараа непоколеблива рамнотежа.

Таа за вечерното излегување избра кафен асиметричен фустан на Et Ochs, а на стапалата D’Accori сандали, а целата глам комбинација ја заокружи со платинеста фризура и нагласена шминка.

На премиерата на филмот во Милано, таа се врати на италијанската мода, но овој пат со потписот на Версаче: црвениот сатенски фустан од 1990-тите го дизајнираше Џани Версаче, но кој 26 години подоцна не изгледа ниту ден помалку актуелен. Целиот изглед го акцентираат уште еден пар платформи, овој пат во иста нијанса како и самиот фустан.

За време на престојот во Милано, Лејди Гага донесе допир на класици со големо палто во боја на камила и очила за сонце со бел облог, но додаде свој печат на уште еден пар убиствени платформи, овој пат со златни светки. Изгледа дека Лејди Гага многу буквално го толкувала цитатот на Сони Рајкил: „Како можеш да живееш на висока нога ако не носиш високи потпетици?“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag