На 70. светски избор за најубава жена во израелското летувалиште Еилат, избрана е нова Мис Универзум за 2021 година, дваесет и едногодишната Харназ Саду.
Харназ зад себе остави 79 натпреварувачи. Титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај Надија Фереира, додека втора придружничка беше Мис Јужна Африка, Лалеј Мсване.
Санду изјави дека е полна со впечатоци, бидејќи последен пат Индијка беше крунисана за Мис Универзум пред точно 21 година.
Минатогодишниот победник, Мексиканката Андреа Меса, и ја врачи круната на новата најубава жена на светот, која ја носеше круната само седум месеци, бидејќи изборите беа одложени поради пандемијата.
Учесниците, според традицијата, носеа народни носии и костими за капење и одговараа на прашања со цел да ги тестираат своите способности за јавно говорење.
Харназ на натпреварот се претстави како поборник за зајакнување на позицијата на жената во светот, а како што вели, жените можат се. Инаку, оваа млада девојка работи како актерка и модел, а најголема инспирација и е познатата индиска актерка Пријанка Чопра.
Во слободното време се занимава со јога, танцување, готвење, играње шах и јавање.
На овој избор за Мис Универзум за прв пат се натпреваруваше претставничка на Обединетите Арапски Емирати, а по повеќе од четири децении се појави и претставничка на Мароко.