Тажниот Кијану Ривс јаде сендвич на клупа: Актерот конечно откри што се крие зад познатата фотографија

popara16 декември, 20211min00
keanu-reeves-830x0

Сликата стана вирална и еден од најпопуларните „мимиови“

Кијану Ривс се обиде да објасни што навистина му се вртело низ глава кога неговата фотографија на социјалните мрежи станала таканаречен интернет мим „Тажниот Кијану“.

Се започна со папарацо фотографија на Ривс, од 2010 година, на која се гледа како актерот замислен седи сам на клупа во Њујорк и јаде сендвич.

Сликата набрзо стана вирална во различни фотошопирани варијанти, на кои корисниците на мрежата, според контекстот, додаваа текст или слики на друга личност, додека Кијану седеше на клупата во истото издание – изгубен во мислите.

Мимот се појавуваше и на различни веб-страници, беше споменуван во поп-културата, а се користеше и за комерцијални цели, за продавање производи со ликот на Ривс, од маици до фигурки.

За време на гостувањето во „Лејт шоу“ актерот низ смеа изјави дека всушност само се обидувал да го изеде сендвичот. Меѓутоа, Ривс со посериозен тон додаде дека размислувал за некои работи, но дека најмногу бил окупиран со ручекот.

Водителот го држеше стрипот BZRRKR на Ривс, за чие издание уметникот Рон Гарни нацрта неколку варијации на мимот „Тажен Кијану“.

На прашањето зошто мимот е направен така, актерот рече:

– Немам појма. Само јадам сендвич – се насмеа Ривс.

Се обиде да објасни:

– Во ред, размислував, нешто ми се случуваше. Бев гладен. Значи, животот и уметноста. Рон Гарни е неверојатен уметник кој илустрира и црта за BZRRKR. Не знаев дека ќе го направи тоа. Но, тоа е. Мислам дека тоа е некаква креативна работа на жанрот. Тој решил да го забележи тој момент, а ликот чекал да се случи тоа. Затоа што американската влада го проучува, се обидува да открие зошто е бесмртен, зошто се регенерира. Само се обидувам да сфатам зошто постојам – изјави Ривс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma