Во средината на приказната за климатските промени, Данска се издвојува како земја пример. Нивната свест за екологијата е на завидно ниво, поради што годинава се прогласени за најчиста земја на планетата.
Ви пренесуваме интересни факти за Данска:
1. Данска моментално е втора во извештајот на ОН за среќа во светот, веднаш зад Финска. Образованието е бесплатно, а и образовните и здравствените системи се познати низ целиот свет. Се смета и дека во Данска живеат најмирни луѓе.
2. Данското знаме е најстарото знаме кое сè уште се користи. Се верува дека бил во употреба уште од битката кај Линдан, која се одржала во 1219 година.
3. Обидот за бегство од затвор во оваа скандинавска земја не се смета за прекршок. Затворениците потоа ја отслужуваат истата казна како порано.
4. Уште во 1989 година, данските власти одлучија да ги легализираат граѓанските партнерства меѓу хомосексуалците, со што ги признаваат практично истите права како и женетите.
5. Во Копенхаген се наоѓа забавниот парк Тиволи, кој е вториот најстар забавен парк во светот. Отворен е во 1843 година и во меѓувреме инспирираше многу други паркови од овој тип низ планетата, вклучувајќи го и Дизниленд.
6. Данска беше првата земја која употреби отпечатоци од прсти како доказ на суд. Тоа се случи во 1902 година.
7. Улицата Строгет во Копенхаген некогаш се сметала за најдолга пешачка зона во светот (1,1 километар). Денес во светот има подолги улици од овој тип, но повеќето од нив се по моделот на Строгет.
8. Најпознатиот дански бренд се секако ЛЕГО коцките.
9. Данците работат од 8 до 16 часот. Повеќето продавници се затвораат во 5 или 6 попладне, поради што луѓето најчесто купуваат најмногу работи за време на викендите. Многумина сметаат дека даноците се главниот виновник за ваквото работно време на продажните објекти.
10. И покрај многу високиот животен стандард, многу Данци избираат да не возат автомобил. Главна причина за тоа е фактот што регистрацијата на возилото е многу скапа. Понекогаш достигнува и повеќе од 100% од цената на самиот автомобил.