ТАЈНАТА НА СОВРШЕНАТА КОСА: Овие состојки од вашиот фрижидер ќе ја направат УБАВА!

28 ноември, 20210
Screenshot_5

Кога некој ќе ви напомене  намирници како што се кечапот , мајонезот, јајцата, маслиновото масло, грејпфрутот, морската сол, најверојатно, прво помислувате на асоцијација на еден богат оброк и вкусен доручек. Верувале или не, се работи за совршени средства за нега на вашата коса.

 

Кечап:

Сосот од домати, може многу да помогне кај русокосите кои имаат мака со зеленкастите нијанси, на офарбаната коса. Црвениот пигмент ја неутрализира зеленкастата нијанса, а природните киселини од влакното ги отлконуваат минералите кои довеле до оваа непожелна реакција. Се до постигнуваето на саканата нијанса, доматот се нанесува на косата во вид на маска која треба добро да се измие.

 

Грејпфрут:

 

За да се отплетка, замрсената коса, е потребен производ кој има ниска pH, вредност. Иако обичниот алкохолен оцет совршено би послужил при расчешлувањето и на најзамрсената коса, зад него за жал би останал непријатниот мирис, па затоа е тука сокот од грејпфрутот. Потребно е да се остави на косата да делува 15 мин. потоа да се измие и да се исчешла со чешел со широки запци.

 

Мајонез:

 

Содржи протеини, кои на сувата и оштетена коса ќе и го поврати изгубениот сјај. По нанесувањет на маската од мајонезот, косата треба добро да се измие со шампон, за да не остане маснотијата.

 

Белка:

 

Доколку идеата за ставање на мајонез на косата на глава ви предизвикува ужаснување, пробајте со разматена белка. Маската добро втријте ја во косата, која потоа ќе ја завиткате со фолија. Оставете да делува 20 мин. а потоа исмијте се со млака вода.

 

Морска сол:

 

Исто како  што телото од време на време бара длабинско чистење на келиите со помош на пилинзи, истото и е потребно и на кожата на главата. Во случај да имате многу првут со крупна морска сол добро измасирајте го навлажнетиот скалп.

 

Маслинов зејтин:

 

Благо загреано маслиново масло нанесете го на влакното од средината на косата кон врвовите. Држете 20 минути, а потоа темелно измијте.

 

Солена вода:

 

Доколку сакате да имате таласеста коса и да изгледате како сега да сте дошле од плажата, во распрскувач разматете лажичка сол во 250 мл. вода.

 

Дколку не го сакате мирисот на сол, во мешавината можете да нанесете неколку капки од ружина водичка, која на вашата фризура ќе и даде неодолив мирис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *