ТРИК КОЈ ГО КОРИСТАТ ДЕРМАТОЛОЗИТЕ – РАЦЕ НЕЖНИ КАКО СВИЛА! Ако студот и ветерот ви ја сушат кожата, пробајте, трае 2 минути!

popara16 ноември, 20211min00
krema-za-ruke

Еве како да ја направите кожата на рацете мека како свила!

Ако имате сува кожа, веројатно студеното време, ветерот и постојаното миење на рацете ве доведуваат „до лудило“ – кожата на вашите раце никогаш не е смирена и доволно нахранета, постојано се растегнува до пукање. Не сте сами, а дерматолозите имаат совет за вас. Сите кои имаат сува кожа треба да го почитуваат точниот момент кога се нанесува хидратантната крема, за да има најдобар ефект!

Најпрво измијте ги рацете со благ сапун и тријте доволно долго, за да не морате да прибегнувате кон силни хемикалии со алкохол кои дополнително ја сушат кожата. Кога ќе завршите со миењето, исплакнете ги со млака вода и потоа имате точно две минути за кремот!

Зошто две минути? Дерматологот д-р Витни Боу објасни дека ова е совршен период кога кожата ќе ја апсорбира влагата од миењето на рацете, а потоа кремот ќе ја „фати“ и нема да дозволи кожата дополнително да се исуши.

“Доколку чекате предолго по миењето, го пропуштате тој златен момент кога кожата се уште е под влијание на вода. Штом испари водата, ќе биде посува од вообичаеното! А ако користите топла вода, сметајте на уште посува, иритирана кожа“, рече таа.

Трикот е да ја искористите „рамката“ од две минути за да нанесете смирувачки, богат крем кој длабински ќе ја нахрани кожата. Бидејќи студеното време и честото миење ја отстрануваат и заштитната бариера на кожата, добрите маснотии на нејзината површина, изберете крем кој содржи природни масти – овесно масло, шеа путер… Длабоко ќе ја нахрани кожата и ќе поттикне формирање на добри бактерии на нејзината површина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma