Скапата бордо чанта одлично се вклопува со чизми во иста боја
Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ се пофали со чизми и чанта од познат бренд, за кои искеширала неколку илјади евра.
Пејачката многу се грижи за својот изглед и ги следи најновите трендови, често избира елегантни и едноставни стајлинзи, а не штеди пари за брендирани парчиња облека.
Цеца на својата инстаграм приказна се пофали со скапа бордо чанта и чевли во иста боја.
Станува збор за класичен модел на „Шанел“ кој никогаш не излегува од мода, а чија цена од година во година расте. Како што сега се наведува на официјалната веб-страница на овој бренд, цената на чантата што самата Цеца си ја дозволила е 7.762 евра.
Нема дилема дека Ражнатовиќ ќе блесне во новите чевли и чанта на некој од претстојните настапи или можеби на снимањето на шоуто „Ѕвезде Гранда“.
Да се потсетиме, Цеца неодамна се пофали со чевли од светски познат бренд чија цена е околу 1.100 евра. Чевлите се во беж боја, со мрежа и светкави детали, а ги купила во Виена, каде што пазарела пред спектакуларниот концерт што го одржала таму.