3-те најопасни знаци на зодијакот: Не се закачајте со нив, можат да бидат немилосрдни

22 ноември, 20210
ljutnja-horoskop--830x0

Овие хороскопски знаци не забораваат да им возвратат на оние кои на кој било начин ги загрозуваат „се мило за драго“

Како и многу работи, ѕвездите одредуваат како се однесуваме во некои ситуации, како и колку сме опасни или помирливи.

Како што велат астролозите, постојат три хороскопски знаци кои се опасни и спремни за секаква пресметка доколку им удрите по нивното его и суета.

  1. ОВЕН

Овните се импулсивни, па можат лесно и брзо да „пламнат“. Лутината најчесто се вербализира на тој начин што се околу нив „пука“, а не им е страно ни физички да се пресметаат со личноста која им замерила. Овој огнен знак реагира лошо кога некој се обидува да доминира над него или да го контролира. Во таа ситуација тие жестоко возвраќаат и знаат да бидат немилосрдни.

  1. СКОРПИЈА

Тие се одмаздољубиви и едвај чекаат да вратат „сè мило за драго“, ако случајно им замерите. Скорпијата не ги открива своите „пеколни“ планови. Тешко на тој што ќе им се замери. Овој хороскопски знак е познат по тоа што има доза садизам во себе, што ги прави особено бесчувствителни и подготвени на се и сешто заради одмазда.

  1. РИБИ

Како што во зодијакот стојат наопаку една кон друга, така Рибите имаат две страни во животот. Едната е чувствителна, љубезна и сочувствителна, а другата е смртоносна. Иако не изгледаат така, имаат жесток темперамент.

Ако ги „извадите Рибите од такт“, сметајте дека ќе настрадате. Бидејќи се многу имагинативни, ќе смислат најлоши начини да ви се одмаздат. Покрај тоа, тие се пасивно-агресивни, па ќе ве измачуваат тивко и полека. Астролозите тврдат дека најголемиот број сериски убијци се родени во знакот Риби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *