Јапонски чизкејк од само 3 состојки: Воздушест и мек десерт, кој ќе го обожавате!

24 ноември, 20210
264331_japanskicizkejk_ls

Чизкејкот е десерт кој милиони го обожаваат, но не е лесен за правење и неговата подготовка бара многу време. Сепак, постои јапонска верзија која се подготвува од само три состојки и минимум труд и време.

Потребно е:

3 јајца
120 гр чоколадо
120 гр крем сирење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Чоколадото растопете го на пареа и додадете го крем сирењето и измешајте. Потоа извадете ја смесата од пареата и додадете три жолчки.

Изматете ги белките во цврст снег, па додајте третина во смесата со чоколадо и сирење. Внимателно и нежно промешајте, па повторно додадете трета и повторете. Направете го истото со преостанатите белки.

Калапот за торта обложете го со хартија за печење и истурете ја смесата во неа. Удрите сто пати со калап за да ги издувате воздушните меури од смесата, а потоа ставете ја во длабок плех во кој сте полиле топла вода.

Печете на 170 степени околу 15 минути, а потоа намалете на 160 степени и печете уште 15 минути.

Кога тортата е готова, исклучете ја рерната, но оставете ја тортата внатре уште 15 минути.

Потоа извадете, изладете и послужете!

Погледнете ја подготовката:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi