Сунѓерот Боб Панталоновски е анимирана серија која одбележа многу детства и која сѐ уште го држи интересот и кај возрасните. Таа содржи толку многу скриени мудрости и филозофии, така што би било многу тешко да се издвојат сите моменти, но затоа тука се интернетот и социјалните мрежи за да нè потсетат на генијалноста спакувана во „Сунѓерот Боб Панталоновски“ и да ни ги претстават најпознатите мисли и цитати кои можат да ни послужат како животни совети.
- Сите ние сме метафори
„Ти не ме исплатуваш. Ние не ни постоиме. Ние сме само една паметна визуелна метафора која го персонифицира апстрактниот концепт на мислата.“
„Уште еднаш полуди вака и ќе те отпуштам.“
„Не! Те молам! Имам три деца!“
- Ѓубрето на еден човек е богатство за друг
Сунѓерот Боб: „Чипсот од школки сигурно не е вкусен!“
Патрик: „Не на начинот на кој јас го користам!“
- Сѐ е само една голема тајна
„Не е тајна што најдобрата работа за тајните е кога потајно ќе ја кажеш некому својата тајна, при што потајно ќе додадеш уште една тајна на нивната тајна колекција на тајни. Потајно!“ – Сунѓерот Боб.
- Сѐ може да биде инструмент ако доволно се трудиш
„Дали мајонезот е инструмент?“ – Патрик.
- Клучните елементи за среќен живот се јадење и дишење
„Изгледа сѐ што знае да прави е само фино да јаде… и да дише!“
- Храната е всушност сѐ
„Го изеде моето единствено јадење и сега ќе прегладнам“ – Патрик.
- Утре е само уште едно вчера
Лигњон Пипало: „Зошто да работиш денес кога можеш да го направиш тоа утре?!“
Г-дин Ратко Рак: „А, што е денес ако не вчерашното утре?“
- Убавината е во очите на школката
„Еднаш си беше една грда школка. Беше толку грда што сите умреа. Крај.“
- Кога се сомневаш, послушај го твојот инстинкт
„Се чувствувам како некој да сака да ми каже нешто!“
- Јазикот е моќно средство. Користи го мудро!
„Отмени, софистицирани суштества како нас не треба да си ги валкаат устите со пцуење“ – Патрик.
- Секогаш имај по некој трик во ракавот
Патрик: „Ајде да се собуеме голи!“
Сунѓерот Боб: „Не, да го зачуваме тој спектакл за оној момент кога ќе продаваме недвижнини.“
- Не барај дозвола за да ги направиш работите, туку едноставно направи ги
„Не ти треба возачка дозвола за да возиш сендвич.“
- Ако сѐ друго пропадне, јади чоколадо
„Дојди ваму ти мрзливке и почни да ме масираш со чоколадото!“ – таа старата жена риба.