Стар обичај што треба да обезбеди благосостојба
Постојат неколку обичаи и ритуали низ целиот Свет кои треба да го исчистат домот од лоша енергија и да ја повикаат само најдобрата, било да се тоа пари, љубов, успех …
Колку земји, толку обичаи. Кинезите имаат голем број ритуали засновани на фенг шуи, Македонците почитуваат одредени обичаи на верските празници, а Русите имаат неколку суеверни ритуали кога станува збор за стекнување и чување пари.
Изреката „парата на пара оди“ е обликувана во исклучително едноставен обичај што го практикуваат повеќето Руси. Сè што ви треба е една торба и мали монети. Ставете метални пари во ќесички или можеби шолји за кафе и распоредете ги низ целата куќа за да го подобрите приливот на пари во домот.
Сепак, лоша среќа е ако некој земе барем една од изложените парички, што значи дека парите ќе ја напуштат куќата.
Исто така, не е добро да се свирка во куќата, тоа е управувано од „ангели чувари“ кои носат благосостојба и богатство.