3 предлози за краток ноемвриски одмор: Излети за полнење на батериите

popara15 ноември, 20211min00
prag-830x0

Пред да заминете на избраната дестинација, би требало да се проверат тековните епидемиолошки мерки кои се во сила во избраната земја.

За да може вашето патување во странство да помине во најдобар ред, потребно е прво да ја посетите веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, каде што се наведени сите моментални услови за патување.

Исто така, се подразбира дека треба да се почитуваат сите актуелни епидемиолошки мерки во избраната земја.

  1. Златниот град

Најголемиот град во Чешка е и нејзин главен град, а познат е по добро сочуваниот стар град. Прага се наоѓа на место кое се смета за самото срце на Европа, бидејќи е речиси подеднакво оддалечена од сите граници на земјата.

vysehrad-37725641920-830x0
katedrala-prag-830x0
rotunda-830x0
basilica-of-st-peter-vysehrad-prag-830x0
prag-830x0
prag-2-830x0

Низ градот тече реката Влтава, која е еден од симболите на градот, заедно со мостовите. Архитектурата е она што фасцинира многу посетители. Освен стариот град, не треба да се пропуштат и Еврејскиот кварт, познатиот Карлов мост и астрономскиот часовник. Леноновиот ѕид и Прашкиот град, заедно со катедралата посветена на Светиот Вид, која е изградена во текот на 14 век, се некои од другите знаменитости на главниот град на Чешка.

  1. Убавицата на Дунав

Главниот град на соседна Унгарија е еден од градовите кои релативно често го посетуваат македонските туристи. Градот ги поврзува Будим и Пешта, сместени на брегот на Дунав, кој во главниот град на Унгарија поради својата пространост наликува на море.

foto-pixabay-charlemagne-830x0
foto-pixabay-walkerssk-830x0
img-7903-830x0
1621417740032-foto-pixabay-charlemagne-830x0
budapest-at-night-gee46828f51920-830x0
foto-pixabay-artbejo-830x0

Доколку сте во посета на Будимпешта во наредниот период, не пропуштајте да ја прошетате улицата Ваци. Посетете го Будимскиот дворец и запознајте се со убавините на зградата на унгарскиот парламент. Црквата на кралот Матија Корвин и базиликата посветена на Свети Стефан, како и синагогата се дел од сакралните градби кои не треба да се пропуштат.

  1. Градот на Босфорот

Поранешниот Константинопол, потоа Цариград и Стамбол бил главен град на дури три империи – прво Римската, потоа Византиската и на крајот Отоманската. Тој е најголемиот град во цела Турција, а исто така се смета за еден од најбогатите во културна и историска смисла.

 

istanbul-bazar-9-830x0
istanbul-43076651920-830x0
bazaar-7823161920-830x0
venue-29867211920-830x0
turska-4-830x0
turska-3-830x0

Посетата на Истанбул е интересна во секое време од годината, токму поради знаменитостите со кои градот изобилува. Посета на некогаш најголемото христијанско место за богослужба, Аја Софија, но и палатата Топкапи и крстарење по Босфор се незаменливи. Всушност, во кој дел од Истанбул и да одите, ќе наидете на некои од градските знаменитости од кои најверојатно ќе бидете маѓепсани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma