Познато е дека шолја топло млеко ни помага полесно да заспиеме, но има и поздрави опции за борба против несоницата. Ви носиме рецепти за пијалоци кои освен што ја спречуваат несоницата, помагаат да ослабете, да го регулирате метаболизмот и го зајакнувате имунитетот. Секој од нив е подготвен од природни состојки, а тие имаат корисен ефект врз телото.
Овие напитоци имаат смирувачко дејство, здрави се и помагаат подобро и полесно да заспиете. Храната од која се подготвуваат е исклучително здрава и најчесто се користи во индиската кујна и народната медицина. Направете ги и уживајте во здрави еликсири и нежни вкусови. Еве ги рецептите:
Пијалок 1 – Домашно бадемово млеко
Две раце бадеми прелијте ги со вода, покријте и оставете да отстојат 4 часа. Процедете ги и ставете ги бадемите во блендер, а потоа додадете една урма, лажичка екстракт од ванила, половина лажичка сол и шолја вода. Мешајте додека не добиете еднолична смеса. Добиената каша процедете ја низ газа и ќе добиете бистро домашно бадемово млеко.
Пијалок 2 – Чај од банана
Исечете ги краевите на бананите, но не ги лупете. Важно е бананата да биде органска. Во две шолји вода ставете една банана, додадете една лажичка цимет и малку кардамон. Оставете да се варат уште 5 минути откако ќе зоврие. Процедете и пијте.
Пијалок 3 – Златно млеко
Во тенџере истурете 2 чаши млеко (може и бадем, соја или кокос). Истурете половина лажичка куркума, 1/4 лажичка пиперка, 1/2 лажичка ѓумбир, 1/4 лажичка цимет. Промешајте и варете на средна топлина, додадете 1/4 лажичка кокосово масло. Оставете да зоврие, процедете и испијте.
Пијалок 4 – Морско оревче
Во тенџере прелијте 3 чаши вода и половина лажичка морско оревче. Додадете малку цимет и малку кардамон. Оставете да зоврие, процедете, па засладете со лажичка мед.
Изберете еден од пијалоците кои најмногу ви се допаѓаат и испијте го пред спиење.