Тоа што пенисот на вашиот партнер е помал од просекот не мора да биде голем проблем, напротив – можете да уживате во фантастично сексуално искуство!
„Колку поголем, толку подобро“ е изјавата која несомнено е вистинита – ако мислите, да речеме, на сладолед во топол јулски ден. Кога зборуваме за секс, големината на пенисот не е баш толку важна како што обично се верува.
Покрај тоа, една студија чии резултати беа објавени во медицинското списание BYU International покажа дека просечната должина на пенисот во ерекција е 13,12 cm и 9,16 cm во опуштена состојба, што е значително помалку од она што обично се смета за пожелно. Истражувањето покажало и дека има ретки случаи на мажи со гениталии на „екстремните“ краеви на овој опсег, така што само пет од стотината мажи чии податоци биле вклучени во студијата имале пенис со ерекција поголема од 16 сантиметри.
– Резултатите треба да им помогнат на повеќето мажи да сфатат дека големината на нивниот пенис е – нормална – истакнуваат британските експерти кои го спровеле ова истражување.
Меѓутоа, што ако не е? Односно, што ако мажот има екстремно мал полов орган? Ако прашате сексуални советници, тоа воопшто не е страшен проблем. Освен тоа, може да ви помогне да имате уште побогат и поимагинативен сексуален живот.
Не ја коментирајте должината
Прво и најважно нешто што треба да знае партнерката на маж кој има помал пенис е да не го спомнува тоа ни во лудило. Апсолутно е бесмислено да му „набивате на нос“нешто на кое не може да се влијае, исто како што не сакате некој да си поигрува со вашата самодоверба коментирајќи ги деловите од телото кои се такви какви што се, нели?
Наместо тоа, зборувајте му колку ве возбудува, бидејќи големината на половиот екстремитет нема врска со тоа колку некој е привлечен, страстен и соодветен за вас. Ако сам го спомене, кажете му дека воопшто не гледате никаков проблем и дека не треба така да размислува за своето тело.
Пенетрацијата на е нужна
Дали знаевте дека истражувањата покажале дека дури 75 отсто од жените никогаш не доживуваат оргазам од самата вагинална пенетрација, односно без помош на рака, јазик или секс играчка? Или дека 10-15 проценти од жените никогаш не доживуваат сексуална кулминација на кој било начин?
Поради сето ова, должината на пенисот веројатно навистина не игра голема улога во тоа дали ќе доживеете оргазам. Постојат многу начини жената да се задоволи и ставете му го тоа до знаење на вашиот партнер.
Искористете го максимумот од мисионерската поза
Американскиот психотерапевт Едвард Ајчел во 1988 година во „Журнал на секс и брачна терапија“ го дефинирал таканареченото коитално порамнување (CAT – техника на коитално порамнување), што всушност е варијација на познатата мисионерска поза. Таа е дизајнирана да ја максимизира стимулацијата на клиторисот за време на сексуалниот однос и имплицира дека телото на мажот е поиздигнато, така што неговите гениталии се насочени надолу. На тој начин тој за време на односот го трие клиторисот и ја зголемува веројатноста наскоро да се постигне оргазам.
Станува збор за тоа дека во клиторисот има илјадници нервни завршетоци, а голема е веројатноста жената на овој начин да доживее кулминација.
Кучешка поза и анален секс
Бидејќи позата „одзади“овозможува подлабоко пенетрација, а мажот ја одредува брзината и длабочината и го стимулира осетливиот преден дел на вагината и Г-точката, задоволството е поголемо, дури и при плитко пробивање.
Исто така, ако практикувате анален секс, тоа не е лоша идеја во овој случај.
Правете Кегелови вежби
Вежбите кои го зајакнуваат карличното дно ќе придонесат и за вашето здравје, побрзо закрепнување по породувањето и слично, но можат да бидат корисни и доколку имате партнер со помал генитален орган. Тие ќе ве натераат да уживате во сексот уште повеќе.
Стиснете ги мускулите што ги стегате додека уринирате силно и држете ги три секунди, а потоа повторете сè 20 пати.