5 работи поради кои мажите се чувствуваат пожелно во врската: Сакаат кога се грижите за нив

30 ноември, 20210
Screenshot_7

За нив е важно да се чувствуваат важно, безбедно и мажествено

Мажите сакаат кога се заљубени иако не сакаат да го признаат тоа. Всушност, љубовните експерти тврдат дека повеќе им е потребно да бидат во врска отколку жените.

 

За мажот, врската е прибежиште, место каде што може да зборува за своите чувства и проблеми кои не сака да ги сподели со некој друг.

 

Многу луѓе мислат дека мажите се чувствуваат пожелно само поради физичкиот изглед или интимноста што ја имаат со партнерката, но грешат.

 

Сепак, постојат работи кои им се многу важни и прават да се чувствуваат како вистински мажи.

 

  1. Почит

 

Ако чувствува дека не го почитувате доволно, дека не ја почитувате неговата кариера и работите во кои верува, ќе му биде тешко да ви верува и да ве сака.

 

Мажот не бара од вас слепо да следите сè што сака и прави, туку само да му бидете „ветрот во грб“. Кога ќе почувствува дека стоите цврсто зад него, ќе ви го даде целото внимание и љубов на овој свет.

 

Ако не се чувствува почитуван, ќе биде вознемирен во ваша близина и на крајот ќе се дистанцира од вас.

 

  1. Се чувствувате горди на него

Секој маж сака да биде херој на својата поубава половина. Љубовните експерти тврдат дека мажот сака кога во очите на партнерката гледа гордост, а најпожелно се чувствува кога девојката ќе им го каже нивниот успех на другите.

 

  1. Личен простор

Мажите навистина ценат кога жените имаат чувство за неговото време кога тој не е со нив. Секој има потреба од одмор и опуштено време со пријателите, а исто така и тие.

 

Треба да имате на ум дека „задушувањето“ на вашиот партнер, било со тоа што не му дозволувате да ужива во слободното време или прекумерната љубомора, е најбрзиот начин да ја прекинете врската.

 

  1. Секогаш сте тука на крајот од денот

На многу мажи, девојката со која се во врска му го исполнува животот со забава и радост. Цел ден мислат на неа и полесно поминуваат долги и здодевни денови на работа, сонувајќи за вечерна средба со својата сакана.

 

Нејзината насмевка и звукот на нејзиниот глас се награда за мажот за денот што морал да го помине без неа.

 

Врските ги потсетуваат мажите дека животот е повеќе од тешки работи и дека можат да уживаат во секој ден.

 

  1. Чувство на сигурност

И мажите и жените се привлечени од безбедноста на врската. Колку повеќе чувствува дека сакате да останете со него долго време, толку повеќе ќе биде подготвен да се отвори емотивно.

 

Но, безбедноста не значи само дека нема да заминете. Се чувствува безбедно кога знае дека верувате во него и неговата кариера, дека го сакате и дека сте тука за него, кога без проблем ќе го „пуштите“ да оди во град со пријателите и не му се јавувате на секои пет минути за да проверите каде е.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *