Еве за што станува збор
Постојат многу знаци кои укажуваат на тоа дека имате добар сопруг – тоа е маж кој ви помага, тој е тука за вас кога сте тажни, се труди да ве израдува, ги слуша вашите желби, сака да ги исполни вашите соништа. Добро знаете дека можете да се потпрете на него, му верувате, го сакате.
Но, тоа е и личност која може да ги сподели своите „маани“ со вас. Поточно, грешките што неизбежно ќе ги направи во текот на животот бидејќи никој не е совршен.
Експертите се согласуваат дека добрата комуникација е основа за успешен брак. Тоа подразбира убави работи во животот, но и разочарувања, неуспеси и порази.
Добрите сопрузи и сопруги му ги признаваат грешките на партнерот, очекуваат разбирање за нивните постапки, но и бараат решенија за да не ги повторат истите грешки.
Знаат дека не се совршени, не се однесуваат арогантно кога знаат дека грешат. Напротив, кога партнерот има различно мислење од нив, ќе ги слуша и ќе го почитува нивното мислење дури и ако не се согласуваат со него. Пред сѐ, тие нема да се плашат да побараат стручна помош од трета страна.
Кога ќе ви се расипе колата, без размислување ќе ја однесете во сервис. Кога нешто ќе се расипе во вашиот брак или врска, дали ќе го третирате исто како и вашето возило на четири тркала?