Софија и Лука чекаат уште едно дете! Манекенката ја соопшти добрата вест на прекрасен начин

popara21 октомври, 20211min0
sofija-milosevic-17-830x0

– Едвај чекав да ја споделам оваа радосна вест со вас – напиша таа

Манекенката Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ чекаат принова!

Софија ја објави радосната вест на својот Инстаграм и истакна дека повеќе не може да издржи.

– Едвај чекав да ја споделам оваа добра вест со вас – започна манекенката.

– Кога почнав да се занимавам со манекенство и кога првпат отидов во Њујорк, моето прво модно интервју беше за магазинот „Elle“ и многу сум горда што сум првата трудница на нивната насловна страница. Голема благодарност до целиот тим на „Elle“ за прекрасната соработка, најдобри сте – напиша Софија, со насловната страница на која е таа, со трудничкиот стомак.

Потсетуваме, Софија и Лука го добија синот Алексеј во септември минатата година.

 

На Софија синот Алексеј и е прво дете, додека Лука од претходната врска со Анџела Маниташевиќ го има синот Давид.

– Колку и да бев подготвена за улогата на мајка, сепак не бев. Кога ќе го видам син ми навечер пред спиење, си повторувам „Боже, имам син“. Прекрасно и неверојатно чувство. Целта ми е да го научам да биде добар човек пред се, да ги почитува сите луѓе околу него и вистинските вредности во животот, да размислува со своја глава и да биде вреден. Тоа ќе биде мојот најголем успех – истакна неодамна Софија.

Инаку, Софија на почетокот на септември на Инстаграм напиша дека би сакала нејзиното второ дете да биде девојче.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma