Полудете го партнерот: Овие совети ќе ве доведат до ТОЧКА НА БЛЕСКАЊЕ во креветот

22 октомври, 2021
Screenshot 2021-10-22 001851

Сексот не е нешто што по правило гарантира успех и сигурен оргазам. Понекогаш е потребно страста малку да се зачини со некои трикови за полесно да се постигне оргазам

Ви ги откриваме триковите кои целосно ќе го полудат вашиот партнер.

Изгледаш убаво и убаво мирисаш

Овие зборови се како магична шифра. Со нивна помош, вратата кон оргазмот сигурно ќе ви биде отворена. Сите сакаат комплименти, а кога станува збор за страста, ова се два со кои нема да изгледа дека премногу се трудите да сакате да ја зачините страста. Затоа што никој не сака да знае дека не го бива во кревет и дека се потребни трикови. Нека ова остане вашата мала тајна.

Слушање

Општо е познато дека сите се импресионирани кога вашиот партнер е заинтересиран за вашата интимност на друго ниво, а не само на сексуално. Слушањето на вашиот партнер и давањето совети е нешто што никогаш нема да ве остави рамнодушни. Жените се предаваат веднаш штом сфатат дека се грижите за нив, а тоа е случај и со мажите. Со меѓусебна доверба полесно се доаѓа до оргазам.

Допирање по целото тело

Сензуалните допири го лачат секси хормонот окситоцин, а како последица на тоа доаѓа силно задоволство кај партнерката, па затоа ги советуваме мажите нежно да ја допираат партнерката по целото тело, а чешкањето е одлична предигра. Со лесни прсти поминувајте по грбот, вратот, кружете околу чувствителните области како што се ушите, градите, околу брадавиците. Ова е сигурен трик за да го возбудите вашиот партнер.

Кујна во спалната соба

Храната може да послужи подобро од вијагра: Не за џабе велат дека љубовта доаѓа преку стомакот. Внесете неколку намирници во спалната соба со кои можете да си играте и да ја разгорите фантазијата на вашиот партнер. Секогаш можете да се одлучите за овошје како јагоди, малини, грозје и друго, а тука се и шлагот, стопеното чоколадо, медот. Хранете се еден со друг и тоа ќе биде доволно.

Туширајте се заедно

Туширањето само по себе е многу интимен и личен чин, па ако го внесете партнерот во бањата, го пригушите светлото и почнете лесно да се соблекувате, добриот секс сигурно ќе ви биде загарантиран.