Модната икона Келвин Клајн (78) и неговиот долгогодишен партнер Кевин Бејкер (33) беа забележани во саботата попладне на ручек во популарното кафуле Мауро, во Западен Холивуд.
Целосно облечен во црно, што е негов заштитен знак, Клајн уживаше во чаша бело вино, јадеше салата од авокадо Капрезе, додека со партнерот делеше чинија сирење и ореви.
Двојката седеше речиси два часа, слушајќи музика, во кафуле кое обично го посетуваат многу познати личности. Извор на „Дејли мејл“ вели дека никој не го забележал дизајнерот додека не кивнал гласно, по што брзо го покрил лицето.
Кога дошло време за заминување, Кевин го паркирал нивното црно БМВ за да може Келвин удобно да влезе во автомобилот. После тоа, парот отишол во блиската продавница за здрава храна и ги зеле нивните работи од хемиско чистење.
Модниот креатор и неговиот партнер никогаш јавно не проговорија за својата врска, но ги забележуваа заедно со текот на годините. За време на нивната долга врска, Клајн и Бејкер беа видени заедно на вечери и разни настани.
Келвин Клајн е „тежок“ од околу 700 милиони долари и поседува куќа вредна 25 милиони долари во Лос Анџелес.
Неговите активни рекламни кампањи за облека и долна облека сега ги прават ѕвезди како Џастин Бибер, Кендал Џенер, Лил Нас Екс, Бела Хадид.