Како мириса Били Ајлиш?

popara22 октомври, 20211min0
profimedia-0638991024-e1634842947413-790x450

Били Ајлиш, уметница која има синестетички искуства (феномен во кој сетилата се спојуваат, на пример, визуелните дразби предизвикуваат звук или мирис) сега ги претвори своите сеќавања и искуства во мирис.

„Мирисите беа толку голем дел од мојот живот онолку долго колку што се сеќавам и мојот сон беше да создадам свој мирис и да ги оживеам моите идеи“, рече Били објавувајќи го нејзиниот парфем кој ќе биде пуштен во продажба од ноември, додавајќи дека ова е една од „највозбудливите работи некогаш што ги направила“.

Пријатен и сензуален, таа го опишува парфемот како идеален за зима бидејќи во него доминираат топлите ноти на ванила, какао, мошус, килибар и зачини, поради што се смета за „гурмански“ мирис.

Парфемот, наречен едноставно „Eilish“, доаѓа во шише во облик на бронзено женско торзо, за кое таа се надева дека ќе го препознаат нејзините обожаватели и љубители на парфеми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma