Еве како жените го бркаат ДОБРИОТ маж од себе

22 октомври, 2021
Parsvadja

Ако во компликуваните машко-женски односи нешто тргнало наопаку, можеби не е лошо одговорот да го побарате од машкиот агол.

Поголем број жени со текот на животот се нашле во ситуации кога била отфрлена или оставена, а да не може да ја разбере причината. Меѓутоа, многу од нив не се ни свесни на ситните пропусти кои ги прават и тие, ужасни навики како приговарање, погрдни зборови и наметнување на својота волја на појакиот пол. Сето тоа може да го одалечи мажот од жената, а Дејвид Гуд во книгата „The Man Code: A Woman’s Guide to Cracking the Tough Guy“ на дамите им ги открива прецизно тајните на машкиот ум, вклучувајќи кои навики повеќе од се ги тераат мажите на бегање. Кај нив алармот за „бегање“ неретко е вклучен, да речеме во следните ситуации:

1.Сакате да го промените: Жените често влегуваат во врска очекувајќи од мажот дека ќе промени некои работи. Ако тој тоа и го направи, користа на тие промени мораат да се надминат. Тоа може да ви се врати како бумеранг, затоа што ако сакате да се одрече од се што во животот го радува, можеби ќе заклучи дека подобро ќе му биде да не е со вас.

  1. Заморување за безначајни работи: Романсата е како играње покер, подобро е да се сочуваат емоциите. Мажите даваат значење на општи теми, додека жените се лепат за дребулии. Во неговите постапки главно нема скриени намери. Ако надвор е со пријателите, тогаш е само надвор со пријателите.
  2. Секс на првиот состанок: За жал, тоа е вистина. Ако жената на првиот состанок понуди секс, најверојатно секој маж тоа ќе и го забележи. Жената која заминува само со бакнеж за добра ноќ и го остава да чека мажот ќе биде многу повозбудливо. Навистина, и ова „правило“ има свој изозетоци.
  3. Повторување се додека не ја изгуби смислата: Жените за љубовта треба да зборуваат „тихо“. Со други зборови, тоа е она кога работите никој да не ве гледа, кога ќе го држите за рака сакајќи да му кажете дека се ќе биде во ред. Ако секогаш зборувате „те сакам“, тие зборови ќе го изгубат значењето.
  4. Нелојалност: Довербата е главна девиза на машкиот живот. Ако жените не се доверливи со други жени, тоа мажите го забележуваат и сметаат дека такви ќе бидат и кон нив.
  5. Не се чувствува како заштитник: Како што жената сака да се чувствува згрижена и заштитена, така и мажот сака да знае дека тој е оној поради кого таа така се чувствува.
escort - Korsan taksi