Трагедија на снимање на филм: Актерот Алек Болдвин на сет ја убил својата колешка и го ранил режисерот (ВИДЕО)

22 октомври, 2021
488761_r5_f

Огнено оружје истрелано од ветеранот актер Алек Болдвин, кој глуми и продуцира вестерн, ја усмрти директорката на фотографија и го рани режисерот на филмот во четвртокот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе, Ново Мексико.

Службеници на канцеларијата на шерифот изјавија дека Халина Хачинс, директорка на фотографија за филмот Rust („Рѓа“) и режисерот Џоел Соуза се здобиле со прострелни рани, за жал, кај Хачинс фатални.

Хачинс (42) со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била прогласена за мртва од медицинскиот персонал, соопштија властите.

Соуза (48) со возило на брза помош бил пренесен во регионалниот медицински центар „Кристус Винсент“, каде што се лекува од повредите.

Портпаролот на Болдвин (68) рече дека несреќата се случила за време на снимање сцена од претстојниот филм и дека била предизвикана од погрешно пукање на реквизитен пиштол.

 

escort - Korsan taksi