Експертите откриваат: Дали МЛЕКОТО влијае на појавата на АКНИ?

22 октомври, 2021
e59686dd7ed455e21b5bb35260dcaea691243d1a

Колку млекото влијае на квалитетот на кожата?

Многу светски дерматолози предупредуваат дека кравјото млеко може да предизвика појава на акни, затоа што се верува дека голем број луѓе имаат интолеранција на лактоза без воопшто да знаат.

Имено, млечните производи содржат голема количина шеќер и млечни масти, поради што имаат големо влијание врз изгледот и квалитетот на кожата.

Од друга страна, соиното, кокосовото и бадемовото млеко имаат поповолен ефект врз кожата, а се верува дека овие билни млека ја чистат кожата од акни и други нечистотии.

Сурутката, која се наоѓа во млечните производи, ослободува хормон сличен на инсулин кој е одговорен за активирање и производство на акни. Сепак, полномасното млеко може да биде подобар избор бидејќи има помало количество на сурутка, за разлика од нискомасното млеко, кое е со водена текстура и го користат спортистите, а многу од нив и сами често имаат проблем со акните.

Ако имате проблеми со акни и маснотии, треба да се консултирате со дерматолог или да го елиминирате нискомасното кравјо млеко за да бидете сигурни дека тоа е причина за проблемите со кожата.

escort - Korsan taksi