Адел призна дека ја добила од Џо Корден, водителот на популарното шоу „Carpool Karaoke“
Пејачката Адел откри дека во својот луксузен дом ја чува врамената, плукнатата гума за џвакање на нејзината колешка Селин Дион.
Имено, таа го угости тимот на „Vouge“ кој го водеше низ своите ѕидови, а потоа одговори на 73 прашања.
Во еден момент во видеото покажа и рамка во која има гума за џвакање од позната пејачка.
Таа вели дека ја добила од Џо Корден, водителот на популарното шоу „Carpool Karaoke“.
– Џо знае дека јас сум голем фан на Селин Дион, па кога го снимале шоуто, ја натерал да ја исплука и потоа ми ја врами – вели Адел во видеото.