7 невообичаени симптоми поврзани со Ковид-19: Добро погледнете си ги прстите!

12 април, 2021
prstinokti-830x0

Ковид-19 предизвикува симптоми кои траат во просек 10 дена. Пациентите кои имаат потешка форма на болеста, треба подолго да се опоравуваат. Постојат седум необични знаци за кои предупредуваат експертите, а кои укажуваат на инфекција на коските.

Според Светската здравствена организација (СЗО), главните симптоми на коронавирусот обично вклучуваат сува кашлица, треска, малаксаност, отежнато дишење и губење на чувството за вкус и мирис.

Некои пациенти може да имаат затнат нос, грло или дијареја, додаваат експертите на СЗО. Овие симптоми се обично лесни и започнуваат постепено.

Сепак, има уште неколку симптоми за кои експертите предупредуваат и треба да се земат предвид.

Симптомите кои се пријавени, но сè уште не се официјално признати, вклучуваат:

1. Осип на кожата и прстите

Податоците од апликацијата за истражување на симптоми на Zoe Covid, која ги бележи пријавените симптоми, сугерираат дека некои луѓе кои страдале од ковид, забележале промени во кожата, вклучително и промени на прстите.

Не е јасно што ги предизвикува овие промени, но може да биде поврзано со имунолошкиот одговор на вирусот. Осипот обично предизвикува чешање и може да се појави како плускавци.

2. „Ковид јазик“

Некои луѓе пријавуваат промени во устата и јазикот – рани и нерамен јазик. Другите промени вклучуваат сува уста и габични инфекции, како и болки во мускулите за време на џвакањето.

3. Засипнатост

Рапав глас не е чест симптом на ковид-19; сепак, на почетокот на пандемијата, голем број болнички персонал пријавиле дека го имаат овој симптом.

Некои забележаа дека нивниот глас е поврескав, погруб, потивок или дури го менува тонот.

Короната вирус влијае на ткивата во респираторниот систем на една личност, чиј дел е гркланот.

4. Болки во градите

Помалку луѓе кои имале ковид-19 доживеале значителна болка во градите, но важно е да се запамети дека болката во градите може да биде знак на нешто посериозно, како што се срцев удар и згрутчување на крвта во белите дробови.

Ова веројатно се должи на фактот дека вирусот директно влијае на мускулите и белите дробови.

Иако ретки, луѓето со Ковид-19 кои доживуваат болка во градите имаат поголем ризик да имаат потреба од болничко лекување, особено ако болката во градите е поврзана со конфузија или отежнато дишење.

5. Болки во стомакот

Некои пациенти пријавиле болка во стомакот непосредно пред појавата на други познати симптоми, вклучувајќи треска, кашлица и отежнато дишење.

Во студија објавена во американскиот журнал за гастроентерологија, научниците сугерираат дека луѓето кои се позитивни на вирусот корона можат да имаат дигестивни проблеми кои сигнализираат инфекција, а тоа може да вклучува и дијареја.

Истражувачите ги анализирале податоците на 204 пациенти со Ковид-19 во кинеската провинција Хубеи и откриле дека дури 48,5 проценти од нив пристигнале во болницата поради проблеми со дигестивниот тракт.

6. Губење на апетит

Губење на апетит е опишано како можен симптом на коронавирус. Всушност, помислата за храна може да предизвика гадење кај луѓето.

7. Делириум

Делириумот е важен симптом на ковид-19 кај постарите лица, според истражувачите Zoe.

Постојат два вида; едниот е хиперактивен делириум, кога некој нагло го менува карактерот и почнува да се однесува чудно, станува вознемирен, па дури и агресивен.

Вториот вид е хипоактивен делириум, кој е почест и потешко се забележува. Луѓето со хипоактивен делириум стануваат повлечени, почесто поспани и помалку реагираат на она што се случува околу нив.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris