Ако сакате да изгубите тежина, нутриционистите препорачуваат да го пиете ова: 6 најдобри пијалоци што топат маснотии!

13 февруари, 2021
238693_shutterstock-178995812_ls

Доколку сакате да бидете во топ форма, покрај урамнотежена исхрана, овие пијалоци можат да ви помогнат.

Ако се обидувате да изгубите тежина, покрај правилната исхрана, многу е важно и тоа што го пиете, велат нутриционистите. Хидратацијата е клучна за слабеењето, а многумина ја занемаруваат.

Нутриционистите откриле кои пијалоци се најдобри за слабеење. Ако сакате да ја доведете линијата до совршенство, изберете ги овие пијалоци:

  1. Црн чај

Црниот чај е богат со кофеин и може да помогне во потиснување на апетитот. Докажано е и дека другите соединенија што се наоѓаат во овој чај можат да помогнат во процесот на разградување на масните наслаги, вели нутриционистот Ендру Вилсон.

  1. Кефир

Кефирот е богат со пробиотик лактобацили кои ни помагаат да останеме сити подолго. Има мала содржина на маснотии и само 100 калории по чаша. Една порција од овој пијалок има дури 13 грама протеини. Тој е одличен пробиотик, затоа влијае на цревата и го забрзува метаболизмот.

  1. Зелен чај

Катехините во зелениот чај позитивно влијаат на согорувањето на калориите.

  1. Соино млеко

Студија објавена во „Џурнал на американската асоцијација за диети“ открива дека луѓето кои пиеле млеко од соја изгубиле килограми побрзо од оние кои не го консумираат пијалокот.

Друга студија од 2012 година покажа дека жените кои пиеле чаша соино млеко 4 недели пријавиле значително намалување на обемот на струкот. Нутриционистите забележуваат дека овој пијалок не треба да се претерува.

  1. Смути со боровинки

Ќе ви требаат:

Половина чаша бадемово млеко, грст боровинки, 1 банана, малку вода.

Подготовка: Ставете ги состојките во мешалка и пијалокот е подготвен.

escort - Korsan taksi